Пребарувај по датум:
2021-12-03

#37CKAPHV

На 02 декември 2021 се оддржа #37CKAPHV онлајн работилница со наслов „Противпожарна заштита, опрема и прва помош при пожари“. Истата беше реализирана од страна на ПХВ инструктор Ангела Србиновска. Учествуваа 52 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници. Од присутните кои ја пополнија евалуацијата во форма на анкета преку која ја евалуираме работилницата, 100% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 85% дека е многу интерактивна, и 85% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници. Некои од коментарите се: “Одлична работилница, многу практична и корисна.“ “Премногу корисна работилница што секој би требало да ја чуе!“ “Сите прашања кои ги имав беа одговорени, фала ви”

#phv2021 #37rabotilnica #crvenkrst

Продолжуваме заедно!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.