350 крводарувања во чест на Тоше Проески
Црвениот крст на град Скопје продол жува да ги поттикнува, поддржува и помага хуманите иницијативи.
По повод последниот концерт во живо на еден и единствениот Тоше Проески во Скопје, во соработка со Тоше Фан Клуб форумот организиравме крводарителска акција на 05.10.2011 во Дом на АРМ.
На акцијата 350 крводарители даруваа крв. Од нив 129 беа студенти, а 19 ученици од средно училиште. За прв пат 52-ца даруваа крв. Младите луѓе беа и се уште се поттикнати од хуманото дело на Тоше Проески и продолжуваат да чекорат по неговиот хуман пат.
Акцијата се организира по втор пат и веќе може да се нарече традиционална.
Минатата година на истата акција се собраа 224 единици крв и 80 % од дарителите беа млади лица, лица кои го поддржуваат и негуваат неговото хумано дело.
Црвен крст на град Скопје со Фан Клубот организираше и крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари.
На акцијата беа собрани 125 единици крв. Соработката со Тоше Фан Клуб Форумот се продлабочува и се зајакнува.