Пребарувај по датум:
2021-11-05

#33CKAPHV

На 04 ноември се оддржа #33CKAPHV онлајн работилница со наслов „Ефективна комуникација и соопштенија“. Истата беше реализирана од страна на ПХВ инструктор Вјоса Исмаили. Учествуваа 35 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници.

Од присутните кои ја пополнија евалуацијата во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата, 90% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 88% дека е многу интерактивна, и 80% се изјаснија дека работилницата е интересна.

Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.

Некои од коментарите се:

“Прекрасна,корисна и доста практична работилница која многу ми помогна како правилно да имам ефективна комуникација со луѓето и секако како правилно да напишам соопштение за поголема група на луѓе.

Особено браво за видеата кои беа во самата презентација бидејќи преку примери јасно се гледаа работите кои носат одредена порака за се она што Вјоса сакаше да ни го каже.

Како и секогаш најдобри.“

“Многу корисно “

“Прекрасна работилница!”

#phv2021 #33rabotilnica #crvenkrst

Продолжуваме заедно!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.