Пребарувај по датум:
2021-10-29

#32CKAPHV

На 28.10.2021 се оддржа #32 ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Важноста на информацијата, комуникацијата, процената, анализата и планирањето“ и истата ја држеше Љупчо Милковски од Охрид. Воведот го даде Теодор Алексовски од клубот на млади на ЦКГС.  Учествуваа 35 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници. Од присутните, кои ја пополнија евалуација во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата. 85% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 88% дека е многу интерактивна, и 88% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници. Некои од коментарите се:

“одлична работилница“

“Доста аналитичен пристап“

“Остава време да се размисли колку е важно планирањето”

Продолжуваме заедно!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.