#31CKAPHV
На 21.10.2021 се оддржа #31CKAPHV онлајн работилница со наслов „Стереотипи и демократија“. Истата беше реализирана од страна на ПХВ инструктор Весна Tерсиоска. Воведот го даде Григор Јаковлевски од Црвен крст на град Скопје. Учествуваа 45 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници. Од присутните кои ја пополнија евалуација во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата 89% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 94% дека е многу интерактивна, и 89% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се:
“Динамична, ефикасна, корисна“
“Едно огромно браво и благодарност до Весна за одличната презентација и трудот вложен во подготовка на истата.“
“Една од најинтересните работилници досега!“
За сите оние кои не беа во можност да бидат дел од работилницата, можете да ја проследите на следен линк:
https://www.youtube.com/watch?v=f4yDM4RdUYs
#phv2021 #31rabotilnica #crvenkrst
Продолжуваме заедно!