#29CKAPHV
На 07.10.2021 се оддржа #29CKAPHV онлајн работилница со наслов „Конфликти – поим, видови и мирно разрешување на истите“. Работилницата ја оддржа ПХВ инструктор Сузана Т.Чурлиновска од Прилеп.
Учествуваа 40 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници. Од присутните кои ја пополнија евалуација во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата, 94% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 94% дека е многу интерактивна, и 88% се изјаснија дека работилницата е интересна.
Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници. Младите имаа можност да научаат повеќе за конфликти, нивни видови и извори на истите, како и 5-те начини за мирно разрешување на истите.
Некои од коментарите се:
- “Многу добро структурирана, дозирана и слеана работилница“
- “Многу интересна работилница од која може многу совети да се применат во секојдневниот живот .“ 😁
- “Се подобри и подобри.” 😁
Продолжуваме заедно!