#27CKAPHV
На 23.09.2021 се оддржа #27 ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Изработка на CV и мотивационо Писмо“. Работилницата ја држеше ПХВ инструктор и професионалец во ЦК на град Скопје, катерина Гиевска. Учествуваа 40 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници.
Од присутните кои ја пополнија евалуацијата, 94% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 83% дека е многу интерактивна, и 94% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се:
“Многу мотивирачка работилница и презентер!“
“Супер беше, многу корисна работилница и навистина ме мотивираше!“
“Доста корисна и интересна работилница.“
#phv2021 #27rabotilnica #crvenkrst
Продолжуваме заедно!