#26CKAPHV
На 16 септември 2021 се оддржа #26CKAPHV онлајн работилница со наслов „Безбедно користење на интернет“. Работилницата ја држеше ПХВ инструктор Иле Матеничарски а воведот го даде АнастасијаДејановска од Црвен крст Кичево. И двајцата беа супер, и поединечно но и како тим и тандем!
👉🏻 Учествуваа 50 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници.
Од присутните кои ја пополнија евалуацијата во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата, 95% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 77% дека е многу интерактивна, и 88% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се:
“Една од најкоринси работилници до сега.“
“Се што очекував да научам и слушнам, слушнав и научив“
“Прекрасна работилница“
Прекрасна работилница полна со примери”
Продолжуваме заедно!