#25CKAPHV
На 09 септември 2021 се оддржа #25CKAPHV онлајн работилница со наслов „Креирање на видео маркетинг порака “. Работилницата ја држеше ПХВ инструктор Илина Глигоровска а воведот го даде Ема од Црвен крст Гази Баба. И двете беа одлични и поединечно и како тим!
Учествуваа 40 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници.
Од присутните кои ја пополнија евалуацијата во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата, 75% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 70% дека е многу интерактивна, и 85% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници. 👏🏻👏🏻👏🏻
Некои од коментарите се:
👉🏻 “Корисна и забавна работилница .“
👉🏻 “Корисни совети“
👉🏻 “Екстра предавач!“
Продолжуваме заедно!