170 мали ПХВ проекти
Одлични резултати и оваа година во ПХВ програмата-програма за регрутирање и задржување на волонтери во редовите на Црвен крст. 1200 млади на возраст од 13 до 17 години, водени од 40 дисеминатори од 33 локали канцеларии на Црвен крст, менторирани од 10 ментори сработија НЕВЕРОЈАТНИ 170 мали проекти за добробит на заедницата.
Добија обука, направија мали тимови, проценки на потребите, реализираа активности како спортски натпревари, велосипедски трки, собирни акции, театарски претстави преку кои собра средства за реализација на проекти за помош на лица во ризик, еколошки и интеркултурни проекти.
Вредни младинци, позитивни примери, двигатели на промени во нашата заедница. Млади кои излегоа од својата конфорна зона и покажаа дека имаат капацитети за да го направат нашиот свет подобро место на живеење.
Тимот на ПХВ инструктори овој викенд заминува на подготвителна работилница каде малите проекти ќе бидат евалуаирани, уважувани и вреднувани!