Пребарувај по датум:
2022-03-18

17 март

На денот на основање на Црвен Крст на РСМ и Ден на крводарителство во РСМ, Црвен крст на град Скопје организираше заедничка теренска активност со 5-те Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје.

Локациите на кои бевме присутни се ТЦ Ист гејт, ТЦ Сити мол, Стара чаршија, ТЦ Капитол и Плоштад Македонија. На споменатите локации беа поставени промотивни штандови со материјали од работата на Црвен крст на РСМ, по повод 77 години од формирањето на организацијата, а и во чест на Денот на крводарителство во РСМ.

Во насока на промоција на кродарителството и мотивација на граѓаните, волонтерите спроведоа мал квиз за случајните минувачи, а за оние кои одговориа точно на прашањата, беа подготвени подароци-промотивни платнени торби за пазарење.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.