2023-09-18
152 крводарувања
Секоја година традиционално ја организираме крводарителската и прехранбено собирната акција во соработка со Американската амбасада во Скопје. Истата има за цел да го одбележи 11 Септември, Американскиот Национален ден на служба и сеќавање, но и да поттикне солидарност, меѓусебно разбирање и поддршка во нашата заедница. Оваа година, на 13 септември акцијата беше организирана со поддршка на Црвен крст Чаир, во просториите на Амбасадата каде 152 крводарители даруваа крв од кои најголем број припадници на АРМ и МВР. Голем број од партнери, соработници и институции ја искористија можноста и даруваа храна која понатаму ќе биде дистрибуирана за семејства во социјален ризик.