Пребарувај по датум:
2022-07-04

123 мали ПХВ проекти

24 јуни беше термин за доставување на реализирани ПХВ мали проекти. Од страна на одговорните дисеминатори преку ООЦК и стручната служба доставени се 123 мали проекти. Браво! Во изминатите две години, заради пандемија со ковид, имаше мал застој во реализација на програмата, односно повеќе се базираше на теорија отколку на пракса. Но бројката на реализирани проекти кажува дека младите навистина се желни за еден унифициран пристап кој дава одлични резултати и за нив, за корисниците и за целата нивна заедница. Тие го даруваа своето слободно време, меѓусебно се вмрежуваа, соработуваа, се мотивираат, правеа проценки на потребите во заедницата, реализираа активности за да може да ја постигнат зацртаната цел. Тие помагаа на лицата во ризик, на лицата со одредени пречки и тешкотии, подржуваа центри кои работата со овие лица, промовираа култура и учеа едни за други и се стекнуваа со вештини кои ќе им понудаат подобра иднина.

Честитки за дисеминаторите, за ПХВ инструкторите, за секретарите во ООЦК, за младинците, за поддржувачите, за медиумите, за соработниците, за родителите, за секој еден кој им овозможи на младите да ги реализираат промените.
По прегледување и евалуација на малите проекти, ќе имаме можност да ги споделиме резултатите во бројките на помогнати лица, на бројот на вложени волонтерски часови, во бројот на реализирани активности…и многу други нешта.

Aleksandra Ristovski

IT’S THE WILL.
NOT THE SKILL.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.