116 мали проекти во рамките на ЦКА ПХВ проектот
Од 18 до 20 април се одржа подготвителна работилница за инструкторите во проектот Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности.
Целта на работилницата беше сумирање на пристигнатите проекти за циклусот 2007-2008 година. Бројката изнесува неверојатни 116 мали проекти за добробит на заедницата. Младинци од Црвен крст од сите градови Крушево, Берово, Тетово, Велес, Неготино, Скопје…(вкупно 34 Општински организации на Црвен крст) изработуваа најразлични проекти за кои пари, спонзори или донации обезбедуваа сами по здобиената обука во рамките на нашиот проект. Општинските организации им дадоа поддршка и материјали кои им се потребни за работа. Изработување на накит, организирање на хуманитарни натпревари, собирање на облека и храна, реновирање на домови, собирање на пари за пресадување на органи…и многу други хумани нешта се само дел од проектите. Младите луѓе, учесници во овој проект, покажаа дека нивната свест како единки за помош на оние на кои помошта им е најпотребна е на доста високо ниво. Но, Црвениот крст и понатаму продолжува да ги негува и поттикнува ваквите вредности кај младата популација.