11 години партнерство и соработка Црвен крст на град Скопје и Американската амбасада во Скопје
Kрводарителската и прехранбено собирна акција организирана во соработка со Американската амбасада организирана на 11 Септември и оваа година заврши со одлични резултати. 371 крводарител даруваа крв и на тој начин ја покажаа својата хуманост и дадоа придонес во заедницата. Собраната количина на храна беше донирана од партнерите и соработниците, меѓу кои голем дел од другите Амбасади во РМ, наменета за целните групи кои Црвениот крст на град Скопје ги поддржува во текот на целата година. Во акцијата беа вклучени 30 волонтери од Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Чаир, 20 лица од Институтот за Трансфузиона медицина и 10 професионалци од Црвениот крст.
Традиционално, на акцијата крв даруваа Американската Амбасадорка г-ѓа Кејт Брнс и Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г. Саит Саити.
Благодарност до сите оние кои на било каков начин се вклучија во реализација на овој настан.