2015-04-02
1 Април
Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје организираа првоаприлско дружење со лицата од центарот за церебрална парализа Капиштец .
За оваа пригода им се украсуваа лицата со најразлични форми и со многу насмевки и позитивна енергија се упатија во центарот на градот каде заедно го проследија првоаприлското дефиле и уживаа во забавната програма подготвена токму за овој ден.