08 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
По повод 08 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на град Скопје организираше јавен настан во соработка со 5-те ООЦК на територија на град Скопје, како и со Лукоил, Македонски пошти, СВР Скопје. Беше промовирана новата поштенска марка и беше спроведена теренска вежба – укажување на прва помош од страна на учесниците во сообраќајот/возачите.
На централната локацијата свое обраќање имаше претседателот на Црвен крст на РСМ, г. Ромел Велев како и директорот на Македонски пошти г-ѓа Бујаре Абази.
На овој ден ја истакнуваме хуманитарната заложба на поединците во заедницата кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е потреба помош. Слогонот под кој дејствуваме оваа година е “Сѐ што правиме, правиме од срце”.