08 Мај „Нашите принципи во акција“ Промовирано ново партнерство
На 07 мај, а по повод 08-мај Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на град Скопје го промовираше новиот проект „Училишни клубови за едукација и превенција” кој ќе го имплементираме со финансиска поддршка на донаторот Друштво за градежништво, транспорт и трговија ТРАНСМЕТ ДОО Скопје.
Целта на проектните активности е зајакнување на капацитеите на младите во 19 основни и средни училишта на територија на град Скопје и пружање помош во заедницата.
Работата на клубовите во голема мерка ја олеснува вон наставната и неформална едукација на младите на теми од областа на здравствено превентивните и социјално хуманитарни активности, а се иницираат и нови иновативни форми за младинско ангажирање.
Со повторното активирање на овие клубови ќе се реализираат едукативни и здравствено превентивни активности, обуки, едукации, јавни настани, се иницира младинско ангажирање, соработка со други НВО и локалната самоуправа и ќе допреме до голем број граѓани.
Денот продолжи со работилница под мотото “Нашите принципи во акција” на која учество земаа 30 волонтери од сите Општински организации на Црвен крст на територија на градот Скопје и кои имаа можност да ја покажаат својата креативност и да творат на тема принципи со цел подготовка и издавање на прирачници кои ќе бидат користени во промоцијата на организацијата и дисеминирање на принципите.