Информирање
Информирањето и комуницирањето со јавноста и правилно пренесување на информации за нашите активности се клучни за разбирање на нашиот идентитет и препознавање на нашата мисија. Преку информирањето обезбедуваме транспарантност во нашето работење, а со тоа полесно го пронаоѓаме нашето место во општеството. На овој начин стигнавме до поголем број на донатори и секако волонтери.
Во просек на се реализираат:
- 5 гостувања во различни ТВ медиуми на месечно ниво или вкупно 60 гостувања за промоција на активностите на годишно ниво;
- 4 пати месечно вклучување на радио етер или околу 50 вклучувања на годишно ниво,
- по 20 објави на социјалните мрежи на месечно ниво или на годишно ниво околу 250 објави.
Во рамките на овој одел исто влегува и подготовка на програмата за работа, извештај за работа, редовно ажурирање на веб страната, праќање на редовни информации за е-весникот, како и ажурирање на сите настани во специјалната архива на Црвениот крст.