Пребарувај по датум:

ПХВ пехар

Неколку години по ред традиционално со завршувањето на секој ЦКА-ПХВ циклус се доделува ЦКА-ПХВ златен пехар за најуспешна ООЦК во рамките на тој ЦКА-ПХВ циклус на онаа ООЦК во која се изработени најголем број на проекти оценети со сонце. По тој повод ООЦК домаќин организира свечена манифестација во својата заедница за доделување на која ги поканува претставниците од локалната самоуправа со кои соработува, претставници од локалните образовни институции, приватни и правни лица донатори, локалните медиуми, семејствата на младинците, како и самите младинци кои ги изработуваа малите проекти и кои се најзаслужни.

Досегашни добитници на ЦКА-ПХВ пехарот се:

  • Пробиштип, Гостивар, Куманово, Охрид, Карпош-циклус 2024
  • Куманово, Кавадарци, Делчево – циклус 2023
  • Охрид, Струмица, Центар – циклус 2022
  • Охрид-циклус 2019
  • Радовиш-циклус 2018
  • Карпош, Гостивар и Куманово – циклус 2017
  • Битола и Гостивар – циклус 2016
  • Прилеп – циклус 2015
  • Велес – циклус 2013/14
  • Неготино/Центар-циклус 2011/2012
  • Охрид  – циклус 2010/2011
  • Берово – циклус 2009/2010
  • Кочани – циклус 2008/2009
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.