Пребарувај по датум:

ЦКА-ПХВ циклус

Обука на ПХВ дисеминатори

 Еднодневна обука за дисеминатори, на која добиваат обука за ЦКА-ПХВ методологија, инфо за програмата, обука за дисеминација и насоки за нивниот ангажман во програмата. Дисеминаторите треба да направаат обука за дисеминација и обука за документирање. Треба да ја следат програмата, да имаат редовни состаноци со младите, да бидат во тек со нивните проекти, да ги мотивираат, да им даваат поддршка, да бидат линк помеѓу секретарот и младите и да се вклучени во промоцијата на работата на групитите. Дисеминатори добиваат и прирачник кој ги води низ процесот.

Обука на младинците

Обуката е составена од три дела, првиот дел е  2 часовна унифицирана обуке,  конкретна и ефикасна дисеминациска сесија за млади во секоја ООЦК од каде што доаѓаат, преку интерактивна настава и моделот на двонасочна комуникација. На оваа почетна обука присуствуваат сите 30 пријавени младинци. Дисеминациската сесија опфаќа дозирани информации за Движењето на Црвениот Крст, за неговото постоење, конвенциите, принципите и неговото целокупно функционирање. Ова претставува теорија на организацијата, а можноста за практицирање доаѓа преку самата изработка на малите проекти. Следува обука од двајца ЦКА-ПХВ инструктори им одржуваат унифицирана ЦКА-ПХВ обука за изработка на мали хуманитарни проекти. Преку 4 часовна обука, со примена на интерактивен пристап и многу забава, учесниците ги добиваат сите потребни активни знаења за препознавање на потребите на заедницата и ранливата група, како и за планирање и реализација. И третиот дел е делот за ЦКА-ПХВ документирање. Оваа обука повторно ја реализираат дисеминаторите. Во овој дел се добиваат јасни насоки зошто е важно документирањето и на кој начин се врши документирање на малите проекти. По завршувањето на овој дел од обуката, младинците се подготвени за изработка на малите проекти.

Директна акција на терен

Во период од 2 месеци младинците  сами се групираат во групи (не помалку од 2 и не повеќе од 5 млади), сами приложуваат идеи во склоп на својата група и сами реализираат проект за добробит на заедницата. Дисеминаторите кои се заедно со нив од самиот почеток, постојано се тука да ги мотивираат или да им помогнат доколку им е потребна нивна помош. Младинците започнуваат од само една единствена идеа, која со силна желба и мотивација успеваат да ја реализираат. Започнуваат без никаков буџет и успеваат да соберат голем дел финансии, намирници, алишта и потребни средства, вложуваат време за да и помогнат на целната група вклучувајќи ја и заедницата каде живееат. Проектните активности изработени од учесниците се највидлив (мерлив) резултат од ЦКА-ПХВ. Преку нив се постигнуваат две цели на проектот: усвојување активни знаења и промовирање активен пристап кон животот.

По завршувањето на реализацијата на проектите, младинците имаат задача да ги документираат истите според претходно утврдени правила и начин на документирање, а потоа согласно крајната дата да ги достават до ЦКА-ПХВ канцеларијата.

Финална работилница

Тродневната финална ЦКА-ПХВ работилница претставува креативен простор каде младите волонтери, лидери, дисеминатори и претставници на своите хуманитарни проекти од различна етничка, религиозна и територијална припадност имаат можност да научат многу работи за културата како систем од вредности, комуникациските вештини и техники, како и подлабоко да се запознаат со мисијата на Меѓународното движење на Црвениот крст. Простор каде младите можат да разменат искуства, да проговорат и да комуницираат меѓусебно. Проектот не ги принудува младите од различни етнички заедници да бидат пријатели, ниту пак ги поттикнува учениците да заборават кои се, или да ја прифатат културата на другите, туку едноставно ја зголемува нивната свест за културата како систем од вредности, преку промовирање толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на разликите. „Жив јазол”, „Племиња”, сесија за комуникациски вештини и техники, целосна припрема на „ТВ Шоу” од страна на младинците, и вежбата „Не лути се човеку”, се само дел од вежбите што во оваа тридневна незаборавна забава преку игра и интеракција им го развива тимскиот дух, ги мотивира на подобра и полесна меѓусебна комуникација, ги поттикнува на хуманитарна мисија и понатамошно неоткажување во борбата за подобро општество и создавање подобро место за живеење.

Клуб на млади

Во рамките на секоја ООЦК постои и дејствува активен клуб на млади, каде може да членува секој волонтер кој има желба и време да придонесе за хуманоста и да дејствува на терен согласно своето слободно време. Една од целите на програмата ЦКА-ПХВ која претставува програма за привлекување и задржување на волонтери, е токму активно вклучување на новите, веќе обучени волонтери кои веќе го поминале ЦКА-ПХВ циклусот во рамките на овие клубови, за тие понатаму активно да дејствуваат и да придонесуваат за похумано општество во нивните локални заедници.

ПХВ недела

Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвен крст на Р. Македонија, третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, па токму поради тоа од 2012 година е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности.

Во 2017 година се организираа настани на кои се промовираше културата како систем од вредности, но беше реализиран и конкурс за расказ и фотографија  на тема “Промоција на различности”. Во 2016 година се организираа Тетарски претстави” Приказна за една идеја” речиси во секој град и ова беше одлична можност за дисеминирање на историјата на Црвениот крст, во 2015 година во сите градови во државаат се организираа поетски читања на различни јазици на кои прсисуствуваа 6000 луѓе, во 2014 година се случи заедничко танцување (познато како Flesh mob) во кое учество зедоа 1300 младинци, во 2013 година Тв шоу преку кое младинците ја промовираа културата, а во 2012 година се организираше театарска претстава „Погодете кој доаѓа на вечера“ за која младинците сами подготвија сценарио и некаде околу 10.000 луѓе ги проследија претставите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.