Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
„Првата помош спасува живот“
Првата помош треба да биде дел од секојдневието на секој човек, бидејќи потребата од нејзина примена може да се појави во секој сегмент од животот – дома, на работното место, на училиште, на улица и насекаде каде што е потребно навремено и соодветно реагирање.
Имајќи ја предвид важноста на првата помош, донесени се и законски регулативи со кои се утврдува обврската за посетување обуки и стекнување знаења и вештини за укажување прва помош, пред сè за кандидатите за возачи, како и за вработените во работните организации.
Со цел подобра подготвеност на кандидатите за возачи, достапни се прашањата од областа на првата помош за подготовка и повторување на материјалот:
Прашања за возачи на македонски јазик:
Преземи ги прашањата на македонски јазик (PDF)
Прашања за возачи на албански јазик:
Преземи ги прашањата на албански јазик (PDF)
За Центарот за прва помош
Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје започна со работа на 28.12.2020 година како посебна организациска единица, додека првата помош претставува една од традиционалните и континуирани активности на Црвениот крст.
Центарот претставува централизирана форма за спроведување обуки и едукации од областа на првата помош на територијата на град Скопје. Претходно, овие активности се реализираа во рамките на општинските организации на Црвениот крст – Центар, Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба.
Тимот на Центарот е составен од 7 лица (координатор, доктор и администратори), кои се задолжени за целокупната организација, координација и спроведување на обуките и едукациите од областа на првата помош, согласно законските регулативи.
За реализација на обуките на располагање се 60 доктори-предавачи, задолжени за стручно предавање и едукација на учесниците, како и 20 демонстратори-парамедици, кои го реализираат практичниот дел од обуките и демонстрираат правилно укажување прва помош.
Обука по прва помош може да посетува секое лице кое има наполнето 15 години.
Видови обуки и цени
Во рамките на Центарот се реализираат следниве обуки:
1. Прва помош за кандидати за возачи
- Времетраење: 8 часа
- Цена: 1.950 денари
2. Прва помош за правни лица – работни организации
- Основен курс – 6 часа: 1.500 денари
- Напреден курс 1 – 8 часа: 1.900 денари
- Напреден курс 2 – 13 часа: 3.000 денари
3. Прва помош за лица кои управуваат со пловни објекти
- Времетраење: 8 часа
- Цена: 2.000 денари
4. Прва помош за физички лица
- Времетраење: 6 часа
- Цена: 1.500 денари
Пријавување и начин на плаќање
Заинтересираните кандидати можат да се пријават за обука по прва помош на следниве начини:
- Лично пријавување во просториите на Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје, на ул. „11 Октомври“ бр. 40, Скопје https://maps.app.goo.gl/1o3e7TsTLtS65J3P7
- Онлајн пријавување преку електронскиот формулар на следниот линк:
Онлајн пријава за обука по прва помош
Плаќањето за обуките може да се изврши на еден од следниве начини:
- На лице место, со платежна картичка.
- Со уплатница во пошта или банка.
Просторни и организациски капацитети
Центарот располага со 5 предавални, со вкупен капацитет за истовремена реализација на обуки за 60 лица, односно можност за опслужување до 120 лица на дневно ниво.
Преку современ пристап во едукацијата, стручен предавачки кадар и практична демонстрација, Центарот овозможува учесниците да стекнат знаења и вештини за правилно, навремено и ефикасно укажување прва помош.
Работно време и термини за обуки
Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје работи од понеделник до петок, од 08:00 до 20:00 часот.
Во зависност од видот и времетраењето на обуката, истите се организираат во еден или два дена.
Обуките кои се реализираат во еден ден се одржуваат во следниве термини:
- Прва смена термин: 09:00 – 15:00 часот
- Втора смена термин: 13:00 – 19:00 часот
Обуките кои се реализираат во два дена се одржуваат во следниве термини:
- Прва смена термин: 09:00 – 12:00 часот
- Втора смена термин: 16:30 – 19:30 часот
За точниот термин и распоред на конкретната обука, кандидатите добиваат информации при пријавувањето.
Адреса: ул. „11 Октомври“ бр. 40, Скопје, https://maps.app.goo.gl/1o3e7TsTLtS65J3P7
Телефони:
- 072/208-456
- 072/208-529
Координатор на одделот, Никола Блажевски – skopje.prvapomos@redcross.org.mk

