2019-12-16
Несекојдневна екскурзија
Црвениот крст на град Скопје во соработка Светулка НОРА на ден 14.12.2019 година за првпат организираа екскурзија за 20 бездомни лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток. За време на прошетката бездомните лица ги посетија Манастирот Св.Јован Бигорски и Шарената џамија во Тетово, каде одблиску се запознаа со историјата и културата на овие два верски објекти. Прекрасно поминат ден со многу планови за следни дестинации.