2019-07-09
Дисеминација за спасители на вода
Во изминативе неколку дена се одржаа две обуки за дисеминација за спасителите кои се ангажирни на Aqua паркот во Скопје. На двете обуки присуствуваа вкупно 16 лица и истите добија обука за историјатот на Црвениот крст, принципите на Црвениот крст, Женевските конвенции, компонентите како и структурата на Црвен крст на РМ и полиња на дејствување. Во рамките на обуката спасителите беа информирани за позиционирање на амблемот при фотографирање на одредена активности.Оваа работилница претставува основна и задолжителна дисеминација за секое лице ангажирано во рамките на организацијата.