2018-10-04
Поддршка на пунктот за бездомници
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје кој се наоѓа на територија на општина Карпош, беше посетен од страна на градоначалникот на општина Карпош, г. Стефан Богоев. Градоначалникот беше запознаен со активностите и услугите кои ги нуди пунктот за оваа ранлива категорија лица. Во тек на посетата, тој донираше конзервирана храна и напитоци, но и се договори поддршка за во иднина, во делот на санација на покрив на објектот .
Пунктот за бездомници во изминатите години добива континуирана поддршка од градот Скопје, голем број на компании како и од хумани граѓани.