Поддршка за заедницата
Мобилниот тим Липково при Црвен крст на град Скопје во рамки на активностите во липковскиот крај, покрај редовната хуманитарна асистенција на ирегуларната миграција, спроведе и низа активности со цел јакнење на свеста кај младата популација и дистрибуција на семејни пакети храна за ранливото население од с. Лојане и Ваксинце.
Во духот на одбележувањето на традиционалните календарски активности на Црвениот крст, медицинските тимови во СДУ Исмет Јашари одржаа предавања за борба против зависности, како и за заштита од ХИВ/СИДА, со што предавањета беа заокружени со едукативн работилница и за учениците од ООУ Рилиндја во с.Лојане и учество на младите волонтери од истоименото училиште во новогодишното украсување во рамки на Светскиот ден на волонтерството.
лица.