Пребарувај по датум:
2018-05-10

Хуманитарно едукативен планинарски настан

На 05.05.2018 во организација на ФПСМ се организираше и реализираше хуманитарно, едукативнен планинарски настан на планинарскиот дом Матка, каде Црвен крст беше присутен со 18 волонтери (Тим за одговоро при катастрофи, Тим за спасување на планина, младинци и стручна служба). Истите дадоа поддршка во делот на симулирање на карактеристични повреди на планина и пружање на прва помош, медицинско обезбедување на 2 планинарски тури кои се реализираа во текот на денот. Младите делеа промотивни и инфо материјали во делот на спасување на планина, итни телефонски линии и воедно беа присутни со касички за прибирање на средства за „хуманитарна порција“ – активност реализирана од страна на ФПСМ.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.