Пребарувај по датум:
2017-10-16

Обуки за негователки за стари немоќи лица

Обуки за негователки за стари немоќи лица од ИПА проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“

По завршување на процесот на селекција на долгорочно невработени жени над 40 годишна возраст, од 29 август 2017 година започна обуката – теоретски и практичен дел за 40 негователки на стари и немоќни лица. Наставата се одвива во просториите на Црвен крст на РМ, каде наменски се опремени две простории за теоретска и практична настава, со сите потребни показни материјали и соодветна опрема за нега на стари лица. Во текот на обуката се работи по 4 модули и тоа:

  • – Организира работа и ефикасно работење
  • – Помага во домот на стари и изнемоштени лица
  • – Самостојно негува и помага во промоција на здравје и превенција од болести
  • – Овозможува психо – социјална помош и грижа

Претходно, тим од експерти ја подготви програмата за обука која опфаќа 4 модули, а подготвен е и прирачник за обука на негователи/-ки на стари и немоќни лица. Програмата за обука, како и институцијата- Црвен крст на РМ, го заврши процесот на верификацијаво текот на август 2017.

Дополнително, во периодот август-септември 2017 година локалниот проектен тим ги реализираше теренските посети и интервјуа со потенцијални кандидати – 80 стари и немоќни лица кои ќе бидат посетувани како дел од практичната обука секој работен ден во домашни услови во текот на октомври и ноември 2017.

Во текот на спроведувањето на обуката, вклучените кандидатки имаат и индивидуални сесии со психолог, со цел развивање на комуникациски вештини, позитивен пристап во животот, развивање на самодоверба, комуникациски техники, менаџмент со конфликти, позитивен пристапво комуникација, како и сесии за стрес менаџмент со акцент на работа со стари и немоќни лица.

Проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, е имплементиран од страна на Црвениот крст на РМ во партнерство  со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст, финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013

(ИПА компонента 4).

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.