Пребарувај по датум:
2017-04-13

Свечено отварање на клубот за едукација и превенција на Црвен крст во СУГС „Цветан Димов“

Како дел од програмата на Град Скопје за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита, но и дел од проектот на Црвениот крст „Училишни клубови за едукација и превенција“, на 7 Април отворен беше клубот во СУГС Цветан Димов. За потребите на истиот, наменски е опремена една просторија во училиштето во која ќе функционира клубот, а во која учениците и одговорниот професор ќе се среќаваат, ќе одржуваат состаноци и ќе ги планираат сите наредни активности

Училишните клубови за едукација и превенција пред сè се организирани форми на дејствување, во кои младите луѓе во училиштата на организиран начин ќе може да го поминат своето слободно време, и ќе реализираат бројни активности во рамките на општествено хуманитарните и здравствено превентивни активност на Црвениот крст. Преку училишните клубови, а со поддршка на одговорниот наставник-професор ќе се реализираат бројни активности во сферата на здравствено-превентивна едукација на младите, активности за поддршка на традиционалните календарски активности на Црвен крст, едукации од интерес на учениците, но и за самиот наставен кадар. Исто така, во рамките на проектот се печатат и промотивни и информативни флаери кои се преведуваат и на албански јазик и кои служат за пренесување на знаењата помеѓу младите по моделот на врсничка едукација, или пак се споделуваат со поширокото население преку активности кои имаат за цел да допрат до што поголем број граѓани.

На територија на град Скопје, успешно функционираат уште 20 клубови за едукација и превенција, во исто толку основни и средни училишта.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.