8-ми Март
Црвен крст на град Скопје, традиционално, се придружува кон хуманата иницијатива на организацијата Животна искра во пресрет на денот на жената 8-ми Март.
Веќе години на ред, волонтерите од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје, во придружба со членките од Животна Искра, на овој ден ја посетуваат клиниката за Онкологија и за сите пациенти подаруваат пригодни подароци. Годинава, подароците беа обезбедени од хуманитарниот концерт Љубовни ноти, кој го организираше клубот на млади при Црвен крст на град Скопје во соработка со ДМУБЦ И.Н.Луј.
На 8-ми Март, реализирана беше посетата, волонтерите ги однесоа подароците на пациентките, а членките на здружението дадоа подршка и совети за полесно надминување на состојбата во која се наоѓаат. Оваа година кон нашата хумана иницијатива се приклучи и Рамстор Мол од каде беа обезбедени 120 подароци- цвеќиња за пациентките.
Со овој гест, сакаме да покажеме поддршка кон лицата кои се борат со ова заболување, се приклучуваме кон глобалната кампања за борба против канцер, но и ја подигнуваме свеста кај сите нас за ова опасно заболување.