Трета Чиконг работилница во Струга
Трета Чиконг работилница во Струга
Во период од 26-29.09.2016 во едукативниот и рекреативен центар „Солферино“ во Струга, реализиран е трет Чиконг семинар за лица во трето доба. На семинарот учествуваа 30 корисници од социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови “ при Црвен крст на град Скопје. Чиконг работилницата е реализирана со цел да се усогласи, фокусира и посвети групата само на подобрување на техниките на вежбање, да се наградат најактивните и најдобри корисници, социјализираат и мотивираат да продолжат да практикуваат Чиконг вежби. Чиконг активноста е една од најважните континуирани активности на дневниот центар за стари лица и во активноста активно партиципираат 64 корисници. Со учеството во Чиконг активноста лицата во трето доба го подобруваат нивното психофизичко здравје, виталноста, се социјализираат, остваруваат меѓугенерациска соработка и го практикуваат активното стареење.