Пребарувај по датум:
2015-11-17

Едукативна работилница за членовите на Клуб 25- клуб на млади крводарители, мотиватори

На 14 Ноември, во просториите на Црвен крст на град Скопје се одржа едукативна работилница за членовите на клуб 25 Скопје, на која активно активно учествуваа и по два претставника од Клуб 25 на Црвен крст Охрид и Битола.

Работилницата беше со цел зајакнување на капацитеите на членовите на клубовите, унифициран пристап во работата како и вмрежување на волонтерите. Во рамките на едукативниот дел, тимот волонтери од Клуб 25 Скопје сподели информации за крвта и крвните продукти, патот на даруваната крв, мотивација/демотивација во крводарителство. Преку работа во групи и  бура на идеи се поставија темелите на планот за 2016 година, а реализирана беше и демонстрирација на модел на едукативен час. Во рамките на работилницата посетен беше и Дневниот центар за дарување крв, каде волонтерите слушнаа повеќе за патот на даруваната крв од проф. д-р Миленка Благоевски од Институтот за Трансфузиона медицина Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.