Втора ПХВ финална работилница, циклус 2015 година
Од 19 до 21 јуни во Струга се одржуа втората финална ЦКА-ПХВ работилница. По добиената обука и двомесечното истражување на терен за целните групи и нивните потреби, младинците чии проекти беа оценети како најдобри, имаа можност да бидат дел од оваа приказна.
78 учесници меѓу кои младинците, дисеминатори и гости имаа можност да се запознаат меѓу себе на многу интересен начин, со туѓите култури, но и со со најдобрите проекти кои беа сработени на ниво на држава. Во рамките на ТВ шоуто младите организираа трибина и имаа линковски поврзувања, се подготвуваше драмата Погодете кој доаѓа на вечера и се организираше вежба “Човече на лути се” преку која се направи повторување на се она што беше научено во изминативе 6 месеци, со акцент на дисеминација. На финалната работилница беа дадени и насоки за ПХВ недела која се одбележува од 21-27 септември. Младите се мотивирани и подготвени да продолжат со своите волонтерски активности во клубовите на млади во своите Општински организации.
Оваа година, во рамките на циклусот, изработени се 192 мали проекти од страна на 1280 младинци, а 150 учесници беа присутни на двете финални работилници. Оваа година програмата е поддржана од страна на Норвешката амбасада од Србија.
Изјава од учесник:
За мене ПХВ претставува програма преку која младите учат за хуманоста и ја покажуваат својата хуманост на дело. Сметам дека на тој начин ја менуваат својата дневна рутина и се стекнуваат со големо искуство. Младинците се мотивирани да продолжат и во иднина да прават добри дела и да прават промени во општеството.
Александра Божинова