ПРИЗНАНИЕ ЗЛАТЕН СТРИП ЗА БОГДАН НИКОЛИЌ – КОРИСНИК НА ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА
Богдан Николоќ, коринсик на Дневниот центар за стари лица и учесник во ликовната работилница, како претставник на Црвениот крст на град Скопје зема учество во 12-тиот Меѓународен Салон за најдобар стрип во Велес.
Тој се здоби со признание-сепцијална награда „Златен стрип“, на отворениот конкурс, за својот стрип насловен како и главниот јунак Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Оваа работилница во рамките на Дневниот центар за стари лица се имплементира веќе една година во континуитет со цел промоција на активно стареење, а активно учество земаат секој четврток од 12ч 13 талентирани корисници, кои ги насочува и надгледува проф. м-р. Стојче Тоциновски. Како една од најсофистицираните изработки „Златниот стрип“ е признание не само за г-дин.Богдан туку за целиот концепт на сликарската работилница, со која докажува дека лицата во трето доба можат успешно да учествуваат во сите разновидни активности на општеството и да даваат свој значаен придонес.