Пребарувај по датум:
2012-12-23

Да споделиме радост

Црвениот крст на Р. Македонија и оваа година во соработка со ЕВН Македонија, по повод новогодишните празници организира заедничка хуманитарна акција под мотото Да споделиме радост.

Целта на оваа акција е да се подари насмевка и радост за децата со посебни потреби и децата од социјално загрозени семејства. Во оваа акција обезбедени се вкупно 1100 пакетчиња, од кои 300 се поделија на територија на град Скопје.
Преку Црвениот крст на град Скопје, со активноста беа опфатени 300 дечиња од Заводот за рехабилитација Т.Поле, Децата од дневниот центар за лица со церебрална парализа, Специјалното училиште за деца со оштетен вид Д. Влахов, Дневните центри за деца од улица Ш. Оризари и К. Вода , специјалното училиште Златен Сремац и деца со оштетен слух.
За сите нив се организираше настан – новогодишна претстава на 20.12.2012 во МНТ (објект Центар) кој започна во 12:00. За децата организираме и превоз во соработка со ЈСП Скопје.
Новогодишната претстава ја изведуваа актерите од МНТ под водство на Снежана Коневска Руси а новогодишните пакетчиња им ги поделија волонтерите на Црвениот крст. Обраќање имаа и Министерот за трид и социјална политика г. Спиро Ристовски, генералниот секретар на Црвен крст на РМ г. Саит Саити како и претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија г. Хенгст Вернер.
Со оваа хумана иницијатива се надеваме дека внесеме радост кај децата, кои во пресрет на Новата година ќе поминат убави и среќни моменти.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.