Лица со оштетен вид учеа за Движењето на ЦК
Изминатиот вторник (07.08.2012) учениците од училиштето за лица со оштетен вид имаа можност преку една од активностите на В.И.П. проектот, наменет за лица со оштетен вид, да научат за настанокот на ЦК, за принципите, компонентите и актиностите на Црвениот крст.
Обуката беше прилагодена на оваа категорија на ученици и со посебни дактилни алатки секоја вежба беше успеашно реализрана. На обукта покрај лицата со оштетен вид прсуствуваа волонтерите и дел од стручната служба на ЦКГС, со што заеднички се потткнаа ентузијазам и амбиција за вклучување во активностите на ЦК.
Се покажа дека лицата со оштетен вид претставуваат голем волонтерски потенцијал за организаицијата на ЦК на кои мора да се остави простор за интегрирање помеѓу останатите волонтери и тековните програмски активности.
Во прилог на оваа аткивност волонтерите на ЦКГС реализираа посета на училиштето за лица со оштетен вид каде имаа средба со директорот на училиштето и дефектологот од кои научија за настнокот на училиштето, дактилните помагала со кои се служат при наставата и изучувањето на предметните актинвости.
Речиси 3 часа траеше обиколката на училиштето и интернатот кој се наоѓа во склоп на училиштето каде учениците кои не се од градот Скопје престојуваат во текот на годината.
Секој волонтер можеше да постави прашање и да го сподели своето искуство но, дури и цел ден во училиштето ќе беше малку за сите прашања, куриозитети и водушевување на талентот кој овие ученици го имаат и орентационите способности кои ги поседуваат.