Предавање за Висок крвен притисок во Дневниот Центар за стари лица
Во рамките на активностите на Дневниот Центри за стари лица на 17 јули беше организирано предавање за здравствениот аспект на високиот крвен притисок и начини на справување со истиот, со посебен акцент на овој здравствен проблем кај лицата од трето доба.
Ова предавање беше направено во соработка со кардиохирургијата Филип Втори, а предавачи на ова предавање беа Др. Милка Клинчева-кардиолог и г. Илија Дојчиновски-здравствен психолог.
Во текот на ова предавање слушателите имаа можност да се запознаат со процесот на настанување на високиот крвен притисок преку процесот на нормално стареење како и да се информираат за сите фактори кои влијаат на забрзувањето на овој процес.
Слушателите добија препораки како правилно да го измерат својот крвен притисок во домашни услови, како и информации за правилна исхрана со цел превенција на високиот притисок како и нформации за психолошкиот аспект на високиот крвен притисок.
Секој посетител имаше можанот индивидуално да се консултира и да постави прашање до предавачите и да му биде измерен крвен притисок во Дневениот центар од страна на медицинска сестра.
По предавањето дружбата помеѓу присутните продолжи во добро расположение и размена на искуства на темата.