2012-07-24
ПРИКАЗНА ЗА НАСТАНОКОТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА
Во двете простории на Дневниот центар за стари лица, во ДХО Даре Џамбаз и ООЦК Чаир, беше оддржана дисеминациска обука на 10ти и 13ти овој месец, прилагодена за активните пензионери/стари лица над 60 години.
Корисниците на Дневниот центар имаа можност да се запознаат со настанокот и активностите на ЦК каде поминуваат дел од своето секојдневие.
Со оваа обука помеѓу присутните беше поттикната идејата за филантропија и развивање на хуманоста.
Со цел искажување на важноста за продуктивно поминато секојдневие во третото доба, на обуката беше прочитана приказна/порака од ЦК до корисниците.
Со истата се демонстрираше меѓугенерациската толеранција која стручните соработници и волонтерите на ЦК ја уважуваат.