Предавање за топлотниот бран во Дневниот Центар за стари лица
Во рамките на активностите на Дневниот Центри за стари лица во текот на минатата недела во двете простории на центарот, на 5 и 6 јули, беа одржани две предавања за влијанието на топлотниот бран врз здравјето на лицата од трето доба и препораки како да се заштитиме од истиот.
Предавач беше Проф. Др. Владимир Кендровски, претседател на комисијата за климатски промени при Министерството за здравство.
Во текот на овие предавања присутните слушатели имаа можност да се запознаат со феноменот на климатските промени и подетално да се информираат за истиот, како тој влијае врз здравјето на човекот, со посебен акцент како влијае врз здравјето на постарата генерација.
Во текот на овие предавања слушателите беа запознаени и со голем број на практични препораки за полесно справување, преку внесување на правилна исхрана, доволно количество на вода и соодветни активности.
После спроведените предавања слушателите го изразија своето задоволство од начинот на кој беа реализирани истите и од актуелноста на темата која беше избрана, и изразија заинтересираност за спроведување на слични тематски предавања во просториите на дневниот центар и во иднина.