Пребарувај по датум:
2012-02-22

5+

Црвен крст на град Скопје беше гостин во детската емисија 5+.

Поканата дојде од нивна страна заради позитивните примери кои ги правеше Црвениот крст на град Скопје во изминатиот период.

Во емисијата се зборуваше за лицата кои немаат дом, а им е ладно да бидат на улиците и како Црвен крст ги згрижува, им дава чиста облека, топла супа…
Неколку збора беа кажани и за старите лица, како младите треба да им помагаат и дека не треба да ги забораават.
Споменавме збор, два за концертот организиран од младите, Љубовни ноти на кој младите пееја, другаруваа и промовираа хуманост. На наше изненадување Петко и Мина, Црвен крст на град Скопје го прогласија за херој за цел месец во делот на Мојот Херој. Емисијата е од едукативен карактер за најмладите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.