13 Ноемвриска награда
“Традиционалната годишна награда „13 Ноември на Град Скопје“, за особени достигнувања и остварувања во сите сегменти на животот, е знак на признание на Градот Скопје кон сите оние што со својот труд и дотигнувања придонеле за развојот на овој град, но и за севкупниот напредок и афирмација на Република Македонија, во и надвор од нејзините граници” – беше пораката која ја упати градоначалникот на градот Скопје г. Коце Трајановски на свечениот настан за доделување на наградата 13-ти Ноември.
Оваа година, во областа хуманитарна активност, на огромно задоволство на сите вработени и волонтери во Црвениот крст на град Скопје, наградена беше г-ѓа Сузана Т.Пауновска, Секретар на Црвен крст на град Скопје.
Наградата ја врачи градоначалникот на градот Скопје г. Трајановски кој се обрати и ги поздрави сите присутни и го потенцираше особениот придонес на секој од наградените во ралични полиња за градот Скопје и воопшто за заедницата во која живееме.
Манифестацијата продолжи со гала концерт на Македонската филхармонија, подготвен во чест на големиот празник на градот Скопје и сите наградени.