КОРАБ 2013
На ден 08.09.2013, традиционално како и секоја година по повод Денот на независноста на Македонија, се одржа традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб 2764m., на коешто учевствуваа околу 2000 граѓани.
Од страна на Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје, беа испратени 5 спасувачи кои беа распоредени на два пункта, од кои едниот беше поставен на половина од патеката, а вториот на самиот врв, каде што на планинарите им укажуваа неодложна прва помош.
Имаше околу 40 полесни интервенции , од кои најчести беа болки во мускули и зглобови, дехидратација, сунчаница, каснувања од инсекти и неколку потешки од типот на исчашување на зглоб, истегнување на мускул за кои беше неопходен транспорт со наше теренско возило по тежок непристапен пат до самиот старт.
Според позитивните коментари и од учесниците и од организаторот, можеме да бидеме задоволни и горди како професионално си ги завршивме нашите обврски и се надеваме дека и идната година ќе бидеме повикани да обезбедуваме манифестација со ваков карактер.