Пребарувај по датум:
2013-06-19

СОС линија за заштита од топлотни бранови

Целта на овој камп е психосоцијална поддршка на 10 деца со вродени срцеви мани на возраст од 6 – 14 години како и психосоцијална поддршка на родителите чии деца живеат со овој проблем.

Она што претставува особено задоволство е близината која ја остварија волонтерите со децата и  што во текот на целиот камп владееше атмосфера исполнета со многу разбирање, почитување и позитивни емоции.

Соработката со децата и родителите продолжува и понатака преку клуб 10 и сите заедно ќе се залагаме за креирање на една посебна програма за работа со оваа целна група.

Од 15 јуни до 15 септември  2013 година во Црвениот крст на град Скопје ќе функционира СОС бесплатна линија за заштита од топлотни бранови.

Ова активност веќе неколку години функионира со поддршка на Министерво за здравство. Обучени волонтери од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје ќе бидат ангажирани за функционирање на линијата.

Граѓаните може да ги добијат одговорите како да се однесуваме при топлото време на 02/ 3 22 19 02 секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.