Пребарувај по датум:
2013-04-28

ПРОМОВИРАН ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО СТАРИ ЛИЦА

Во Дневниот центар за стари лица на 25ти Април, Црвениот крст на РМ, Заводот за Социјални Дејности – Скопје и Министерството за Труд и Социјална Пилитика го  прмовираа прирачникот за работа со стари лица, резултат на стручниот труд и практични искуства од досегашната работа со оваа целна група.

Прирачникот има за цел обука на лица кои професионално или волонтерски работат со лица во трето доба т.е. менаџери на домови за стари лица, волонтери на Црвениот крст, психолози, социјални работници итн.

Истиот е испечатен со поддршка од страна на Австриската Агенција за Развој и Австрискиот Црвен крст, а подготвен од страна на Заводот за Социјални Дејности – Скопје.

Како што истакна и Министерот за Труд и Социјална Политика Г-дин Спиро Ристовски, важно е да се даваат услуги на лицата во трето доба но не било какви туку форматирани, унифицирани и од страна на лица кои ќе добијат соодветна обука за начинот на кој треба да бидат дистрибуирани услугите.

На промоцијата беше истакната важноста од инволвирањето на општините, владините и невладините организации во социјалните сервиси посветени на старите лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.