Меѓугенерациска поетско-културна манифестација за активен пристап кон животот во трето доба
На 23.04.2013 год., со почеток во 18:00 часот, во ДХО Даре Џамбаз се оддржа „Меѓугенерациска поетско-културна манифестација“.
Со овој хуманитарен настан, се успеа заедно со лицата во трето доба, да се покаже суштинската идеја на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, односно промовирањето на радосно, активно, витално и хумано стареење.
Црвен крст на град Скопје, заедно со надворешните соработници и лицата од трето доба, кои беа основниот столб на хуманитарната манифестација, направија хуманитарна манифестација која пренесе порака на почитување и прифаќање на различностите во културите, националностите и старосните граници.
Ова е уште едно манифестирање на мудар, активен и достоинствен пристап кон животот.
Со свои точки настапија, повеќе поетеси, со ора и изворни песни допринос даде секој учесник а помеѓу нив се врбоија волонтерите на Црвен крст кои ја практикуваа меѓугенерациската соработка.
Секој присутен имаше можност да оствари донација, а собраните средства во насока на меѓугенерациската солидарност од манифестацијата ќе бидат употребени за обезбедување храна за еден месец на социјално загрозено лице во трето доба.