ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ШЕГАТА И ЗАБАВАТА
Во рамките на проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка а.д. , на 29.03 во просториите на креативниот центар во Зоолошката градина Скопје се реализираше креативна работилница, а потоа и прошетка низ ЗОО.
Истата беше во пресрет на 01 Април- Денот на шегата и забава. Со поддршка на волонтерите на Црвениот крст Скопје (клуб на млади) штитениците од Центарот за Церебрална парализа Капиштец изработуваа првоаприлски маски.
Бидејќи работилницата беше во ЗОО градина, маските беа со ликови на животни, украсени со додатоци и многу креативни бои.
По завршувањето на работилницата, штитениците од Дневниот центар во придружба со волонтерите ги носеа изработените маски на 01 Април на мало дефиле организирано во дневниот центар.
Со оваа активност продолжуваме со дружба, социјализација и разубавување на секојдневието на лицата со Церебрална парализа во насока на олеснување на нивниот живот.