2013-03-13
Пензионерките од Дневен центар ДХО Даре Џамбаз мотиватори на уличните продавачи на списанието „Лице в лице“
Околу 15 пензионирани жени на отворен форум, а по повод 8ми Март ги споделија своите животни и работни искуства со продавачите на активистичкото улично списание „Лице в лице“ во Дневниот центар за стари лица во ДХО Даре Џамбаз.
Продавачите на списанието се лица припадници на социјално загрозени семејства, бездомници и деца од улица.
Денот помина во знакот на меѓугенерациската соработка и предавање на животното искуство кое го носат жените во трето доба и се во насока на подобрување на социјалниот живот на овие лица.