Пребарувај по датум:
2013-01-01

Волшебната елка ги исполни сите детски желби

Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат, а хуманите граѓани се токму оние кои помогнаа во оставарување на детските соништа и желби.

Во периодот од 10-30.12.2012 година, сите хумани граѓани од нашиот град кои ја посетија Новогодишната волшебна елка на желби во ТЦ Рамстор, одбраа и остварија новогодишна желба на некое од децата.
Доделувањето на подароците за 70 деца сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје беше на 30.12.2012 година во просториите на ТЦ Рамстор- кино сала, во присуство на Министерот за труд и социјална политика г. Спиро Ристовски, волонтерите на ЦК, како и сите хумани граѓани кои се вклучија во активноста.

Оваа активност која имаше за цел да предизвика среќа и радост кај децата за време на новогодишните празници ја организираат Рамстор Малл, Црвен крст на град Скопје и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, со поддршка на а.д. Комерцијална банка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.