„КАТАСТРОФИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ“
Под мотото „Катастрофите не простуваат“, во периодот од 08 до 19 септември беше реализиран проект за подготвеност и дејствување при катастрофи во Измир, Турција на кој учество земаа и 10 претставници од Македонија.
„Катастрофите не простуваат“ беше дел од Youth Exchange проектот, проект кој се реализира во рамките на ‘Youth in Action’ програмата поддржана од ЕУ со главна цел младите од различни земји одреден период да работат и живеат заедно поделени во меѓународни групи .
Следејќи ја основната цел, подготвеност и дејствување при катастрофи, проектот во Измир беше организиран како камп.
Кампот беше наментет за лица со оштетен вид, а целта беше да се споделат искуства и знаења на полето на подготвеност и дејствување при катастрофи од повеќе земји, со посебен акцент на оваа целна група како една од најзагрозените во случај на катастрофа, но и како една од групите која најдобро може да дејствува.
Македонската делегација беше составена од 4 лица со оштетен вид, 4 нивни придружници и двајца волонтери од Црвениот крст на град Скопје, кои се вратија со збогатени знаења и идеи за развој и поткренување на јавната свест на ова поле и во нашата земја.
Освен македонската делегација, на проектот кој беше организиран од Турската Црвена полумесечина учество земаа и претставници од Турција и Романија.