7 – Недела на принципите на Црвен крст
Во текот на летниот период 7 Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје го реализираа проектот 7 – недела на принципите на Црвен крст.
Со активностите беа опфатени 7 целни групи ( 2 социјално загрозени семејства, штитениците од дневниот центар Порака , домот за стари лица Мајка Тереза, дечињата од градинката Фидани, С.О.С Детско село , дневен центар за деца од улица Шуто Оризари).
Во текот на периодот на реализација на проектот младите има можност да поминат време со целните групи, да се дружат и забавуваат заедно со нив, да ги научат на убави и корисни работи и за моментда го разубават нивното секојдневие.
Цело време ја промовираа организацијата и принципите на Црвениот крст и на тој начин ја пренесоа хуманата мисија на движењето кај сите целни групи.
Како завршна реализација на проектот младите направија филм од сите активности и го презентираа пред гостите поканети на настанот.
Целиот проект финансиски го помогна А.Д . Скопски пазар